-->
-->
Откажани 45 летови во Барселона поради штети на аеродромот од протестите
-->
Меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона претрпе мала штета при судирите меѓу демонстрантите и полицијата, изјави денеска портпаролот на аеродромот, истакнувајќи дека ситуацијата на аеродромот сега е мирна, но 45 летови се откажани поради вчерашните проблеми.
Откажаните летови се дел од 110 летови откажани во текот на вчерашниот ден.
Протестите ескалираа вчера откако Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти на 9 до 12 години затвор.
Портпаролот рече дека нема податоци за бројот на патници кои се погодени со откажувањето летови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари