Откако ја фатија Цеца проговори за своето помладо момче
Цеца Ражнатовиќ (42) како што ексклузивно открива магазинот Стори, веќе година дена е во врска со манекенот Александар Јововиќ (26).
Цела естрада е потресена од оваа нова романса, а пејачката одлучила да се огласи по пат на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, таа постави фотогарфија на која пишува: „Не е грев да се сака“, со коментар дека љубовта не брои години.
Фановите се воодушевени од нејзиниот избор и и порачаа да ужива во љубовта и заслужено да сака со полно срце.
Да потсетиме, пејачката момчето го водеше на патувањата во Москва и Дубаи, а бил со неа и на Копаоник во новогодишната ноќ. Тие воделе сметка да не бидат разоткриени, па Цеца секогаш била во придружба на вратот Милан, а Јововиќ бил во близина. Дека заедно биле во Москва покажуваат и фотографиите од Инстаграм
Ражнатовиќ и Јововиќ имале заеднички проект кога меѓу нив се појавиле првите искри. Една средба била доволна да проработи хемијата, што ја пренеле и на спотот.
Се се случило на Тајланд каде Цеца и Александар на плажа со полно страсти одглумиле дека се пар, а подоцна и станале тоа навистина.
Сцените со галење, бакнување и нежности обилуваат во овој спот. Ако помислевте дека Цеца е добра актерка, сте се измамиле, зошто меѓу нив имало нешто многу повеќе.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
-
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот
-
Се преврте автомобил на скопска обиколница | ФОТО
-
Лишен од слобода разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници
-
Таравари: Може да разговараме со Села и Ахмети за прашањата поврзани со Албанците
-
Судар на возови во Прага, повредени десетина лица
-
Таравари: Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, евентуалните жалби на изборот на изведувач не се добронамерни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Брисел