Откако го победи вирусот Том Хенкс, запозна момче со име Корона
Американскиoт глумец Том Хенкс, кој заедно со сопругата беа заболени од Ковид-19 и се излекуваа, стапи во контакт со дете од Австралија кое е возмнемирувано поради своето име – Корона. Имено, откако осумгодишниот Корона де Врис му пишал дека неговите врсници го тормозат, актерот му врати со писмо и подарок – машина за пишување од марката „Корона”.
„Чув дека вие и Вашата сопруга сте заразени со коронавирусот… Добро ли сте?“,му напишало момчето на Хенкс, при тоа додавајќи дека е многу тажен и гневен кога го малтретираат поради неговото име.
„Драг пријателе Корона, твоето писмо многу нѐ израдува жена ми и мене! Ти благодариме, што си толку добар пријател – пријателите прават другите да се чувстуваат добро, кога самите ним им треба помош“, одговорил актерот. Потоа Хенкс истакнува дека машината за пишување ќе му послужи на момчето за тие двајца да си ја продолжат преписката.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек