Живот
30. January 2018 - 18:45

Отишла во болница поради силни болки - Кога ги соблекла панталоните докторите ќе се онесвестеле

"Untold Stories of the E.R." е емисија која се занимава со најинтересни случаи од болниците, а случајот на оваа тинејџерка ни привлече посебно внимание.

Тинејџерката Амбер, имала огромни болки и татко и и дечко и ја однеле во итната служба од болницата. Она што таму им го кажале, ги шокирало сите. Амбер била бремена и се пораѓала. Таа немала поим дека е бремена и дека ќе стане мајка.

Кога докторите и ги раскопчаа панталоните и виделе дека бебето веќе почнало да излегува, а во тој момент не се знаеше кој е во поголем шок: идната мајка, нејзиниот татко или дечкото.

Инаку, феноменот познат како криптична бременост се јавува еднаш во 2.500 бремености и се карактеризира со тоа што е невидлива до раѓањето.