Loading Video...
Кошарка
1. November 2021 - 19:55
Осумнаесет кошаркари повикани за стартот на мундијалските квалификации
Нашите најдобри кошаркари кон крајот на Ноември ќе ги играат првите квалификациски дуели за СП 2023 година.
Први противници се Шпанија и Украина а селекторот Бајиќ денеска соопшти список на 18 кошаркари за првите дуели.
Прв противник на Македонија во мундијалските квалификации е селекцијата на Шпанија која ќе гостува во Скопје на 26-ти Ноември за да по три дена и гостуваме на Украина во Киев.
Познато е дека првиот собир на репрезентативците ќе биде на 20-ти Ноември во Скопје.
На листата повикани играчи најбројни се кошаркарите на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Дарио Митевски, Адем Мекиќ и Дамјан Стојановски.
Од Пелистер доаѓаат Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски и Младеновски. На листата се уште и
Андреј Митревски (Феникс 2010)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (ТФТ)
Кирил Николовски (Кожув)
Лејсон Зекири (Приштина-Косово)
Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)
Според последните информации плејмејкерот на Валенсија, Ненад Димитријевиќ е повреден и се очекува негово отсуство од терените во наредните 6 недели.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->