Осуммина повредени во вооружен напад во Балтимор
Тројца вооружени напаѓачи со огнено оружје повредија осум лица, меѓу кои и едно три годишно дете, во американскиот град Балтимор, по што побегнале, соопшти локалната полиција.
Повредените веднаш се пренесени во болница и нивниот живот не е во опасност.
- Нападот се случил околу 20 часот и 30 минути по локално време, откако тројцата вооружени мажи се собрале во група, пристигнувајќи од различни правци, изјави комесарот на балтиморската полиција Кен Дејвис.
Тој додаде дека станува збор за планиран одмазднички напад како одговор на престрелката на почетокот од месецов, пред одбележувањето на Денот на трудот, кога еден маж бил убиен, а две жени се повредени, од кои едната била бремена.
Дејвис не објаснил како истражните органи утврдиле поврзаност меѓу двата инцидента.
Комесарот истакна дека лицата, кои синоќа беа повредени, би можеле да ги препознаат напаѓачите, но властите не можеле веднаш да ги идентификуваат осомничените и се уште трагаат по нив. Едниот од нив имал ловечка пушка, а другите двајца носеле пиштоли.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил