Осумдесет и деветгодишник тешко повреден при сообраќајка во Кавадарци
Осумдесет и деветгодишник бил тешко повреден при сообраќајка синоќа во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.
-На крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „Џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, во која бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, соопштија од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кавадарци, Е.С.(28) од Кавадарци вчера пријавила дека истиот ден околу 13.00 часот, С.Ф. од Кавадарци се обидел да изврши обљуба врз неа, но не успеал. С.Ф. бил приведен во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД