-->
-->
Осум премиерлигаши се спротивставија Сити да игра во ЛШ додека трае жалбата за случајот со ФФП
-->
Голем број на водечки клубови во англиската Премиер лига се спротивставија Манчестер сити да учествува во Лигата на шампионите, додека граѓаните се жалат до Судот на спортска арбитража (КАС) во случајот со повреда на финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесе „Дејли мејл“.
Во февруари оваа година, УЕФА го исклучи Манчестер сити од европското натпреварување на две години поради сериозни прекршувања на ФФП од 2012 и 2016 година.
Според изворот, меѓу осумте клубови кои негодувале во КАС се и Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал. Клубовите барале казната веднаш да стапи на сила и се спротивставуваат на одлуката Манчестер сити да продолжи да игра во ЛШ додека трае жалбената постапка за случајот ФФП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација