Осум лица повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово
Во сообраќајна незгода која синоќа се случила на автопатот Гостивар –Тетово, кај месноста „тумчевишка клучка“ со телесни повреди се задобиле осум лица.
Од СВР Тетово, информираат дека во несреќата, која најверојатно се случила при престигнување, се судриле комби со италијански регистерски ознаки и автомобил „мерцедес“ со албански ознаки. Додека се движеле кон Тетово, од засега неутврдени причини, возилата се судриле и излетале од коловозот.
Од првичните сознанија во комбето покрај возачот имало шест патници, а во морцедесот вкупно шест лица. По пружањето на медицинска помош, сите повредени се пуштени на домашно лекување.
Од СВР Тетово, апелираат до возачите да ја приспособат брзината на посточеките услови особено во зимски услови, зашто, како што наведува портпаролот Марјан Јосифоски, дозволно е само мало невнимание да се загуби контрола над возилото и брзо да се излезе од коловозот.
- Нерамниот коловоз со повеќе вдлабнатини и бројните таканаречени „крпеници“ на асфалниот слој, заедно со големата брзина, се најголемите ризик-фактори за „сообраќајки“ со сериозни последици (со загинати или повредени лица) и годинава. Ова, посебно кога е врнежливо и кога на повеќе места се создваат „езерца“ со вода, кои претставуваат потенцијална опасност за излетување, вели Јосифосски.
Минатиот месец на тетовското подрачје регистрирани се 14 излегувања од коловоз, а лани вкупно 132, од кои речиси половината се случиле на автопатот.
Ново на Сител
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?