Осум лица аплицираат за две места во ДИК
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата на кандидати по Одлуката за огласување на избор на членови на Државната изборна комисија. Листата со осум кандидати треба да биде доставена до претседателот на Собранието.
По објавениот оглас се пријавиле Ивана Костадиноска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ангелчо Ристов од Делчево, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација, Атанас Урумов од Гевгелија, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ѓорѓи Коробашиев од Велес, дипломиран економист, Светлана Карапетрова од Тетово, дипломиран економист магистер по економија финансии, сметководство и ревизија, Емилија Андовска од Велес, дипломиран правник, Бети Горѓиеска од Скопје, дипломиран инженер по електротехника и Јана Илиева од Скопје, дипломиран правник и доктор на науки по меѓународно право.
Согласно членот 27 став 1 од Изборниот законик и Огласот, за член на Државната изборна комисија може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во земјава, да има завршено високо образование, со најмалку осум години работно искуство и да не член на орган на политичка партија.
Собранието на Република Северна Македонија на седницата оддржана на 2 октомври 2024 година ја донесе Одлуката за огласуване на избор членови на Државната изборна комисија.
Ново на Сител
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен