-->
-->
Остров на смртта: Ископале дупка од 72 метри со цел да најдат богатство, а ги дочекал пеколот
-->
Прикази за острови со скриено богатсво има многу, но малку се оние кои ќе се осудат да посетат некој за да проверат дали навистина се крие нешто вредно. Така и со островот „Oак“, кој го посетиле луѓе, но за жал таму и останале.
Потрагата започнала во далечната 1795 година кога 18- годишниот Даниел Мекгинис видел светло кое доаѓало од островот. Сам, почнал да се движи кон светлото, а на средина од островот пронашол дупка со импровизиран кран над неа. Се вратил дома полн со впечатоци, а потоа со пријателите Џон Смит и Ентони Вон повторно тргнал назад.
Тие се спуштиле во дупката и почнале со копање. На секои три метри наоѓале нешто ново, што им укажувало дека во внатрешноста на островот се крие нешто вредно. Меѓутоа, после 10 метри ја напуштиле дупката.
Оваа вест стигнала до еден локален весник, па после нив во дупката влегле луѓе од компанијата „Onslow“. Тие на 27. метри пронашле карпа со чуден симбол.
Новиот обид се случил во 1861 година од страна на компанијата „Turo“. Вработените во оваа фирма копале во дупката, но тогаш се соочиле со пеколот - дното се урнало и се случил првиот смртен случај.
После тоа во 20. век, се случиле уште 4. смртни случаи, и се уште никој не сфатил што се наоѓа на овој мистериозен остров. Некои се уверени дека се наоѓаат ракописи на Шекспир, масонско богатство или пак накит на Марија Антоанета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски