-->
-->
Оставки во Барселона
-->
Кризата во Барселона, која трае по понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, ја достигна својата кулминација, откако претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу и целиот борд на клубот си поднесоа оставка во вторникот навечер.
Иако вчера на прес-конференција изгледаше дека Бартомеу е подготвен да се „бори до крај“, сега тој реши да се повлече пред да започне гласањето за недоверба следниот месец. Во понеделникот Бартомеу изјави дека воопшто не размислува за оставка и дека не се чувствува виновен за желбата на Лионел Меси да си замине, сега, тој ја предава иднината на клубот кај членовите по шест години на чело на клубот.
Факсот на Лео Меси, слабите резултати и губењето на шпанската титула, незадоволството кај фановите, како и економската криза поради корона вирусот предизвикаа да се соберат 16.000 потписи за негова смена, иако тој и така објави дека нема да бара нов мандат на собранието во март. Одлуката доаѓа откако регионалната влада на Каталонија објави дека нема да има пречки за оддржување на гласањето за недоверба на 1 и 2 ноемврри.
Бартомеу, кој беше и директор на клубот под Жоан Лапорта, стана претседател во јануари 2014 по оставката на Сандро Росел поради неговите легални проблеми. Тој беше вршител должност на оваа позиција во јули 2015, кога го избраа членовите на клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок