Оставката на Весел Мемеди на денешната собраниска седница
Потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, на денешната 104. седница ќе го искористи своето право и ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка.
Мемеди за МИА потврди дека денеска ќе зборува пред пратениците и рече дека во своето обраќање ќе каже се што мисли дека треба. Притоа Мемеди не кажа дали ќе ја повлече оставката, како што неформално брифираат во Собранието, или ќе остане на својот став и ќе ја напушти пратеничката функција, а со тоа и потпретседателското место.
Весел Мемеди во Собранието доаѓа од партијата НДП, а неговата партија го имаше министерското место во локална самоуправа. Со реконструкцијата на Владата, министер за локална самоуправа стана Горан Милевски од ЛДП. Мемеди оставката ја поднесе во знак на незадоволство од одлуката на премиерот Зоран Заев за разрешување на поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
На денешната собраниска седница треба да биде верификуван и мандатот на новата пратеничка Александра Цветковска, која доаѓа на местото на Милевски. Цветковска е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата.
На дневен ред на оваа седница се и Предлогот за престанок на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија – второ читање,
како и Предлог-закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, во прво читање.
Во рамки на оваа седница пратениците, меѓудругите, треба да го разгледаат и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија – во прво читање, (поднесен од пратениците Рубин Земон, Реџеп Мемеди, Фадил Зендели, Ѓулумсер Касапи, Самка Ибраимоски, Џеват Адеми, Зеќир Рамчиловиќ, Никола Мицевски, Илија Димовски, Илија Николовски, Лилјана Поповска, Мирослав Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови