-->
-->
Оставила порака пред смртта - Родителите место во болница ја нашле во капела
-->
Валентина од Србија загина вчера при директен судир на „југо“ и „поло“.
Според српските медиуми, неофицијално, сообраќајката настанала кога „југото“ поради неприлагодена брзина се излизга и директно се судри со „поло“. Мајката на Валентина, Милица, сеуште не може да поверува дека нејзината ќерка е мртва.
„Ни рекоа дека Валентина е повредена и дека со возило на брза помош е на пат за Ниш. Дури во Ниш дознавме дека мојата ќерка загина на лице место. Ја баравме низ Клинички, а моето дете го одведоа во капела“, во солзи раскажува Милица за српските медиуми.
Таткото на Валентина, Војкан, 6-годишната сестра Ема, бабата Вишна и дедото Винко не ги криеа солзите по трагедијата.
„Валентина беше со тетка и на кафе. Пред несреќата и се јавив на телефон и ми рече дека наскоро ќе се врати, бидејќи е во близина. Ги чекав, но не дојдоа. Се обидов да ја побарам, но не ми се јави. Потоа ни се јавија и ни кажаа дека е повредена. А мојата ќерка лежела мртва на ладниот пат“, изјави очајната мајка.
Инаку Валентина, била совозач во автомобилот со кој управувал нејзината тетка Весна Ѓорѓевиќ. Весна е полесно повредена. Таа пред смртта оставила порака на своја другарка дека била излезена во ноќен клуб со момчето и дека си поминала фантастично. За жал, пресреќната девојка која на другарката и напашала "Не може нам нико ништа", ненадејно замина во смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно