Останати 12 милиони евра од ЕИБ, општините да достават проекти
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Ѓорче Петров, каде заедно со градоначалникот Александар Наумоски извршија увид во градежните работи за реконструкција на улица 62, во населеното место Кисела Јабука.
Како што соопшти Министерството, на средбата Сугарески и Наумоски разговараа за проектите што се реализираат во општината со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за проектите што општината ги спроведува самостојно.
Сугарески, во изјава за медиумите, истакна дека централната власт ќе продолжи да биде партнер и поддржувач на општините и ќе продолжи да работи на реализација на капитални проекти кои економски ќе ја зајакнат земјата и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.
Сугарески и Наумоски поголем дел од средбата посветиле на локалната инфраструктура и проектот за рехабилитација и реконструкција на општинските патишта што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, а е од клучно значење за жителите на Ѓорче Петров и блиските населени места.
- Министерството за транспорт и врски е посветено на реализација на капитални проекти од клучно значење за квалитетот на живот на граѓаните. Периодов интензивно работиме на изградба и рехабилитација на патната инфраструктура, подобрување на водоводните и канализациските мрежи, изградба на пречистителни станици и санација на мостови. Исто така, сакам да истакнам дека паралелно со изградбата на магистралниот гасовод која е во тек, се работи и на развој на локалните дистрибутивни мрежи во повеќето градови низ земјата, се со цел побрзо да се дистрибуира гасот до секое семејство во Македонија, рече Сугарески.
Тој нагласи дека од кредитната линија од ЕИБ, на располагање остануваат околу 12 милиони евра неискористени средства.
- Затоа ќе ја искористам оваа прилика да ги повикам сите општини кои сè уште во целост не ги искористиле средствата од ЕИБ, што поскоро да изготват проекти и да ги достават до Министерството за транспорт и врски, со цел да можат да ги искористат парите кои им се распределени, рече Сугарески.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија