Свет
9. April 2017 - 14:39

Осомничениот напаѓач од Стокхолм бил барател на азил

Осомничениот извршител на нападот со камион во Стокхолм бил кандидат за азил, но неговото барање биле одбиено и тој требало да биде депортиран, соопшти шведската полиција.

Во нападот загинаа четири лица, а 15 се повредени, од кои девет се во тешка здравствена состојба.

Нападот го изведе 39-годишен Узбекистанец, кој според шведските медиуми бил симпатизер на Исламска држава. Тој беше приведен во северно предградие на Стокхолм.