Осомничен турски терорист уапсен во Хрватска
Турски државјанин, кого Турција го бара за повеќе терористички акции извршени на турска територија е уапсен за време на семеен одмор во местото Костање во Хрватска.
Педесет и двегодишниот Мурат Чатулај, кој живее во Германија, во Костање дошол на одмор во саботата поладне, а хрватската полиција го уасила три дена по пристигнувањето на одморот со неговата сопруга и трите деца, пишува „Слободна Далмација“.
- Пристигна со некој мерцедес, налик на оние погребни возила. Не се движеше многу по местово, освен што одеше да купи храна во продавницата. Со него двапати беше и една жена, изјави една локална жителка за весникот.
Според податоците кои сплитските власти ги добиле врз основа на меѓународната потерница на Интерпол, Турција го бара Чатулај поради учество во повеќе терористички напади во разни делови на земјата во период од 1989 до 2001 година.
Тој е осомничен дека бил припадник, односно активист на терористичката организација ТИККО, која во своите напади убивала цивили, војници и полицајци. Интерпол по него распиша потерница пред пет одини.
ТИККО е кратенка од военото крило на ултралевичарската Комунистичка партија на Турција/Марксистичко-
Од 2007 годна според податоците на турските безбедносни служби таа е прогласена за една од 12-те активни терористички организации во Турција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко