Основното училиште во село Митрашинци ќе добие нов кров
Со средства во износ од 1,2 милиони денари ќе се реконструира кровот во подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во село Митрашинци. Во училиштето, како што информираат од Општината, ќе биде заменета старата дотраена кровна конструкција.
-Инвестирањето во образованието е вложување во иднината и клучен фактор за развој на општина Берово. Затоа согласно претходно подготвен проект, ќе биде поставена нова кровна конструкција во подрачното училиште во Митрашинци, со што сметаме дека ќе се подобрат условите за учење на учениците, а воедно ќе се заштити и самата зграда, информираат од општина Берово.
Реализацијата на овие активности, како што додадоа се поддржани преку Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово, како и Програмата на Владата, за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.
Во насока на создавање подобри услови за одвивање на воспитно образовниот процес како што дополнија, минатата година, во подрачното училиште во село Митрашинци, беа оградени спортските терени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција