Османи: Утре почнува транспортот на повредените во автобуската несреќа
Повредените во автобуската несреќа се во добра и стабилна здравствена состојба. Првите двајца ќе бидат пуштени утре, на 27 ноември, други двајца на 28 ноември, уште двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што рече Османи на прес-конференција во Владата, повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување.
За преносот на посмртните останки, акциски план ќе треба да изготви Работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи.
– Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите. Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки. Денеска имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, подвлече Османи.
Подготвени сме, додаде, за сите аспекти за пренесување на повредените и на посмртните останки на настраданите.
– Породолжуваме со комуникацијата со бугарските власти. Амбасадата во Софија ќе ги преземе сите процедури за олеснување на постапката. Во наредните денови ќе информираме за точниот датум и за движењето на преносот на посмртните останки, рече министерот.
На прес-конференцијата во Владата се и министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот