Османи-Шоле: Повик за деескалација на состојбите во Украина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот на САД.
Разговорот, како што информираат од МНР, доаѓа веднаш по посетата на советникот Шоле на Бугарија, што, нагласуваат, е особено значаен моментум, имајќи го предвид и нововоспоставениот дијалог меѓу Скопје и Софија и преземените чекори во насока на градење на довербата и надминување на предизвиците меѓу двете земји.
-Министерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели и ја истакна значајната улога на нашите американски пријатели за просперитетот и демократските постигнувања на Северна Македонија. Во оваа прилика советникот Шоле уште еднаш ја реафирмираше американската јасна и недвомислена поддршка за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ,при што беше заемно оценето дека европската перспектива и присуството на САД во регионот се особено значајни за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија и Западен Балкан, се вели во соопштението од МНР.
Соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и случувањата во и околу Украина, при што било нагласено дека зајакнувањето на трансатлантската соработка и заедничкиот пристап е од примарно значење за надминување на актуелните безбедносни предизвици.
Воедно, била изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и беше упатен заеднички повик за деескалација на состојбите преку дијалог и дипломатска комуникација, што е во интерес на целокупната европска безбедност.
Во рамки на телефонскиот разговор, станало збор и за билатералните односи, при што беше истакната важноста од нивно понатамошно надградување, а воедно беа разледани и можностите за продлабочување на стратешкото партнерство и јакнење на трансатлантските врски.
Ова е втор телефонски разговор на министерот Османи со советникот Шоле во изминатите две недели.
Ново на Сител
-
Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја
-
Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира