Македонија
26. September 2022 - 12:27

Османи: Северна Македонија нема да ги признае резултатите од руските референдуми во Украина

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи доби прашање дали ќе ги признаеме резултатите од референдумите во четирите украински региони за приклучување кон Русија.

Османи кажа дека најважно е Украина да победи во војната со Русија, а Македонија нема да признае манипулативни референдуми.

„Украина мора да победи во војната, а Северна Македонија нема да ги признае манипулативните референдуми. Треба да се зборува за кршење на меѓународното право со воената агресија на Русија врз Украина, зашто малите земји ги штити тоа право“, кажа Османи.