Македонија
21. July 2021 - 17:34

Османи оптимист за напредок во дијалогот со Бугарија

Годината за евроинтеграција не е изгубена, има отворени можности за напредок и решение во спорот со Бугарија, но тоа многу ќе зависи од формирањето на Влада и институции во Софија, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Португалскиот предлог, кој сега го презеде словенечкото претседателство е добра основа за дијалог, коментира министерот.

Членството во ЕУ останува главна стратешка цел на надворешната политика за која сите политички субјекти немаат дилема, и тоа е добра основа за сите идни компромиси и консензуси што треба да се направат за нејзе, вели Османи.

Дали во тој контекст е и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Софија  шефот на дипломатијата претпазлив иако документот на седница пред пратениците е веќе утре.

Граѓаните се уште веруваат во ЕУ уверува шефот на дипломатијата иако неколку анкети покажуваат намалување на довербата на Македонците во ЕУ. Османи тврди дека интерна анкета на министерството за надворешни работи покажала дека над 80 отсто граѓани веруваат дека ЕУ е единствена опција за иднината на земјата