Османи: Очекуваме помош од Германија и во оваа финална фаза за нашите европски интеграции
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг, кој е во посета на Република Македонија на покана на Фондацијата Конрад Аденауер.
На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, соговорниците се осврнаа на најновите случувања и текови во однос на напредокот на земјата во процесот на европска интеграција, особено во контекст на резултатите од референдумот и евроатлантските перспективи на земјава.
- Добивме јасна порака од граѓаните до политичките елити да ја преземат одговорноста и да ѝ обезбедат на земјата евроатлантска иднина, потенцираше Османи, посочувајќи на Парламентот како институција каде треба да продолжи имплементацијата на Договорот од Преспа во чија реализација треба да се вклучат сите политички фактори.
Тој потенцирајќи ја посветеноста на Секретаријатот за европски прашања, за целосна и соодветна подготовка на преговарачката структура за преговорите во јуни следната година рече дека имплементацијата на овој Договор ќе се движи паралелно со процесите на имплементација на реформите и обврските дефинирани во заклучоците на јунските самити, како и соодветната реализација на објаснувачкиот скрининг со Европската Комисија кој започна минатата недела.
Османи изрази надеж дека и во оваа финална фаза, заеднички ќе ги надминеме последните предизвици за заокружување на евроатланската перспектива на земјава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври