Османи на проштална средба со естонскиот амбасадор Ерик Шаер
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со нерезидентниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, Даниел Ерик Шаер, кој по повод истекот на неговиот мандат е во посета на земјава.
– Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции, истакна Османи.
Вицепремиерот изрази искрена благодарност до амбасадорот Даниел Шаер, за континуираната поддршка од неговата земја, но и за неговото лично залагање во изградбата на пријателството меѓу двете земји.
– Македонија се наоѓа во последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите со Европската Унија, и во овој момент поддршката од пријателите има особено значење за нашиот успех, истакна Османи, посочувајќи на напредокот во исполнувањето на обврските на земјава, како во имплементацијата на спогодбите со соседите, така и во адресирањето на реформските приоритети.
На крајот од средбата Османи ја реафирмираше благодарноста на Владата за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, посакувајќи му притоа успех на Ерик Шаер во неговиот натамошен професионален ангажман, соопшти СЕП.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска