Македонија
17. April 2024 - 16:38

Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Османи како министер за надворешни лично одлучил Македонија да биде една од земјите иницијатори и автори на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Денеска вели дека иако реакциите му биле очекувани, шокиран е од бројните негативни критики.

Османи тврди дека оваа резолуција не е насочена кон Србија, ниту српскиот народ, туку е човечка обврска да се осуди геноцид. На оваа тема вчера имал средба и со српската амбасадорка во земјава.

Во Министерството имаше вчера средба со амбасадорката на Република Србија и ние јасно го кажавме нашиот став дека ова не е однос кон Србија, не е однос кон српскиот народ, ова е однос кон едно злосторство кое е направено и за кое меѓународните судови веќе имаат констатирано дека е геноцид и дека негирањето и глорифицирањето на сторителите е продолжување на геноцидот во друга форма. Мислам дека е најдобро и за Србија да ја залечи оваа рана како што тоа го направија Германците и како што го направија сите народи, рече Османи

Обединетите нации вечерва на затворена седница го стартуваат разгледувањето на резолцијата со која меѓудругото се бара 11 јули да биде Меѓународен ден за сеќавање на жртвите од 1995-та, а предвидува и казни за сите оние кои го негираат геноцидот. Конечна одлука за прифаќање на овој документ ќе се носи на седница на Генералното собрание на ОН на 2 мај. Документот и денеска предизвикува реакции од Србија. Пред состанокот српскиот министер за надворешни вели дека ова не придонесува за помирување, а прашњето треба да се тргне од дневен ред.

Тоа е злосторство што е, се разбира, страшно, а ние самите како српски народ инсистираме сите одговорни за тоа да одговараат, бидејќи е направена штета на српскиот народ како целина. Геноцидот е кривично дело што подразбира дека имало план да уништи нација“, рече Ивица Дачиќ

И додека траат реакциите за Сребреница, Осамни иницира Македонија да излезе и од Отворен Балкан.

Вакви прашања и иницијативни Османи отвора секојдневно во функција министер за надворешни, но на настани посветени на промовирање на неговата претседателска кампања. Денеска не даде конкретен одговор на прашањето дали успешно ги разграничува двете активности.