Османи – Калавера: Иднината на земјата, но и целиот регион е во ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и соседска политика, Геновева Руиз Калавера и со директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција при Европската служба за надворешни работи, Ангелина Ејхорст, кои се во посета на Република Северна Македонија, при што разменија мислења и впечатоци поврзани со исходот од октомвриски самит на Унијата, каде земјите – членки не успеаја да постигнат консензус за старт на преговорите.
Како што соопшти СЕП, Османи на средбата ја изразил личната благодарност и благодарноста на Владата и на целата земја, за севкупната поддршка од страна на Директоратот за проширување, со чија помош, посочил, навистина остваривме значајни резултати во имплементацијата на реформите и суштински ја подготвивме земјата за старт на преговорите, потенцирајќи ја притоа подготвеноста на Владата да продолжи по истиот пат, независно од привремениот политички застој во Европскиот совет.
-Навистина постои разочарување и чувство на неправда, но ве уверувам дека тоа нема да нѐ оддалечи од нашата амбиција да продолжиме на овој пат, да создаваме европски правила и стандарди во работењето, притоа застапувајќи ги и промовирајќи ги европските вредности во целиот регион, нагласи Османи.
Во продолжение на средбата соговорниците разговарале и за идните чекори на Владата, но и на европските институции, со цел да се задржи фокусот на европската перспектива на земјата.
-Тие се согласија дека независно од фактот што очекувањата не беа пресретнати, иднината на Република Северна Македонија, но и целиот регион е во Европската Унија,. стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март