Османи и Адеми негативни на Ковид-19
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се нагативни на Ковид-19. Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен.
– По една недела изолација, првиот тест за 19-негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест, напиша вицепремиерот Османи.
Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.
– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра, напиша Адеми.
Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и Министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!