Османи ги повика Албанците да гласаат за Шилегов
Фокус на ДУИ во вториот круг од локалните избори во Скопје ќе биде Општина Чаир, каде што нивниот кандидат и актуелен градоначалник Висар Ганиу ќе се бори против кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Сали, меѓутоа она што е важно за интегративците е да се поддржи Петре Шилегов во трката за втор мандат за градоначалник на Скопје, порача денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Според Османи, важно е да се обезбеди континуитетот на проектите за развој на Градот Скопје во целина што го наметна Шилегов, кој несомнено покажал дека еднакво се грижи за сите жители на главниот град. Затоа, од ДУИ упатија повик до сите Албанци, но и другите етнички заедници да гласаат за Шилегов.
-Во овие четири години видовме дека приоритет на градот може да бидат и регионите каде живеат Албанци, изминативе четири години видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот. На крајот на краиштата, во изминатите четири години видовме што значи да се гради мултикултурен град со почит и кон јазичното шаренило, кон образованието, но и воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје. Албанците тоа го почитуваат и затоа вратија со доверба уште во првиот круг. Оваа доверба очекувам да се повтори и во вториот круг и затоа ги повикувам сите, без разлика на партиската припадност, за градоначалник на Скопје да му дадеме доверба на Петре Шилегов што ќе биде најголема гаранција за континуитет на проектите во средините каде живеат Албанците. Сметам дека тоа е важно и за сите граѓани на овој град, за Македонците, за Ромите, за Србите, за Турците, за Бошњаците итн. Скопје станува и побезбеден и постабилен и попрогресивен град и оттука едноставниот е правилно да го поддржиме Петре Шилегов, порача Османи.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати