Османи: Ги ценам напорите на Франција за одблокирање на евроинтегративниот процес
Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Османи ова го истакна на својот фејсбук профил по остварената средба со висока делегација од француското МНР составена од заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција Сирил Дикемал, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.
-Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст, напиша Османи.
Ново на Сител
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени