Османи до Захариева: Да ги надминеме предизвиците и да обезбедиме прогрес за нашите граѓани
Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитка до неговата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод 3 Март – Националниот празник на Република Бугарија.
– Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коа важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани, наведува Османи во честитката до Захариева.
Тој нагласува дека „патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.
– Поддршката од Република Бугарија за евроатлантската перспектива на Република Македонија значи сигурна потпора за нашите највисоки стратешки приоритети и претставува потврда за пријателството меѓу нашите граѓани. Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес оваа година, беше историски момент со огромна симболика, кој покажа дека регионот презема иницијатива и одговорност врз процесите кои ја определуваат неговата иднина. Тоа беше потврда дека земја-членка на ЕУ и земја-кандидат можат да работат заедно во интерес на земјите од регионот. Уверен сум дека само преку континуирана примена на досегашниот пристап заеднички ќе успееме да ги надминеме сите предизвици и ќе обезбедиме сестран прогрес за нашите граѓани. Со тоа убедување, упатувајќи уште еднаш честитки до Вас и до граѓаните на вашата земја, примете ги, почитувана колешке, изразите на моето највисоко почитување, пишува шефот на дипломатијата Бујар Османи во честитката до бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки