Османи: Да сe најде консензус за избори на почетокот на јули
Изборите денеска ни се многу повеќе потребни отколку во декември минатата година, кога со консензуз се одлучивме дека ќе имаме предвремени избори. Но, во исто време избрите имаат смисла само доколку граѓаните навистина имаат избор да ги бираат претставниците кои ќе ги претставуваат во парламентот, истакна на денешната прес-конференција високиот функционер на Демократската унија за интеграција и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
– Демократијата не препознава политички натпреват во кој се натпреварувате самите со себе. Без учество на релевантните политилки фактори изборите во овие услови ќе претставуваат само нова политичка криза која по првило кај нас се претвара во институционална криза за потоа да стане и закана за евентуална безбедносна криза. Би било исклучително неодговорно ако тоа го дозволиме, рече Османи.
Османи потенцира дека треба да се искористи овој ден, оставајќи ги партиските и политичките тактики за да се најде консензус за избори на почетокот на јули.
– Мислам дека разликите се мали меѓу политичките партии и е прашање на денови. Не смееме да дозволиме државата да влезе во длабока политичка криза заради разликата од два-три дена дали порано или подоцна, рече Османи.
Тој посочи дека денеска сме исправени пред нов предизвик како да ја заокружиме оваа неприродна состојба без да се предизвика нова политичка криза која, како што рече, не ни е потребна. Османи додаде дека завршувањето на вонредната состојба не значи дека е завршена епидемиолошката закана и потребата за ефикасно справување со последиците од пандемијата, туку напротив потребна е стабилна и одговорна влада и политичко мнозинство кое во целост ќе ја преземе одговорноста за сите предизвици што се пред нас.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ