Македонија
2. July 2022 - 16:40

Османи чека дозвола од Владата, ако ја добие најавува старт на преговори следната недела

„Од стравот да не не блокираат да останеме блокирани, тоа е за мене ирационално и штетно“. 

Министерот Османи цврсто стои на ставот дека Македонија е пред историска шанса за старт на преговорите со Унијата. Отфлањето на францускиот предлог ќе значи тапкање во место уште многу години.

На брифинг со новинарите Османи во детали и точка по точка ги демантираше информациите дека новиот документ значи промена на идентитетот и бугаризација на државата.

Напротив, тврди дека најголемата продбивка е што македонскиот јазик за прв пат станува официјален јазик на Евроската унија. Едностраната изјава на Бугарија дека македонскиот јазик до 45-та година бил бугарски дијалект ќе стои само во записникот, а нема да биде дел од преговарачката рамка.

- Пропагандистите велат ова е слепа улица, ќе се бугаризираме, но тука сме да ги демонтираме таквите наративи. Слушнав варијанти дека имало фусноти, квалификации. 90 отсто од времето беше да се затвои припрашањето за јазикот. Во ЕУ досега никогаш не е потпишан европски документ во кој стои македонски јазик. Најважната позиција на Бугарија беше да нема macedonian lаnguage во ЕУ. Нека го задржат како сакаат ставот, но не смее ЕУ да прифати став на Бугарија. Оваа рамка се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за документот. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик во преговорите со ЕУ“, рече Османи.

Османи убедува дека ниту прашањата со Бугарија, ниту историјата се внесени во преговорите. Договорите со Грција и Бугарија биле дел од секој досегашен документ, а потенцирањето на членот 12 од договорот за добрососедство кој ги опфаќа историските прашања, според Османи е еден вид на компромис, а не обврска повеќе за Македонија.

Ако Македонија го прифати овој документ, Османи вели дека преговорите со Унијата би почнале уште следната недела. За разлика од првиот предлог, новиот документ предвидува одржување на првата меѓувладина седница, па внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот до завршување на процесот на скрининг кој вообичаено трае најмногу 2 години.

Османи е задоволен од досегашниот тек на консултации со помалите политички партии, засегнатите институции, граѓанскиот сектор. Документот ќе биде претставен и пред опозицијата, а со спикерот Џафери ќе биде договорен начинот на кој предлогот ќе помине и низ Собранието.

Сепак, јавноста се уште нема информации за протоколот кој пред усвојување на рамката, ќе треба да го потпишат Македонија и Бугарија. Иако овој документ Османи вели дека нема да биде дел од преговорите со Унијата, сепак Бугарија ќе може да го користи како причина за блокирање на процесот. Нов состанок Османи и Генчовска според најавите ќе одржат на почетокот на следната недела.