Османи бара трпение во врска со францускиот предлог
Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој француското претседателство го сподели денеска со Владата преку Министерството за надворешни работи, објави попладнево на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.
– Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран. Како што беше ветено, почнуваме процес на широки консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста, додава Османи во објавата.
Владата денеска соопшти дека од француското претседателство со ЕУ преку Министерството за надворешни работи и бил доставен предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.
Според премиерот Димитар Ковачевски во овој предлог се земени предвид нашите позиции и барања, додека според претседателот Стево Пендаровски, тој е далеку подобар за нас од претходниот.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина