Македонија
12. March 2020 - 13:10

Ослободување од работа за самохраните полициски службеници

ј
Самохраните полициски службеници, оние со хронични болести и оние чии парнери работат во МВР, Одбрана, АРМ, Царина и Пожарна ќе бидат опфатени со мерките на Владата за ослободување од работа.
 
Министерот Чулев изутрината испратил телеграма до сите единици на МВР со што информирал дека службениците од овие категории може да бидат ослободени.
 
Владата донесе мерка со која се предвидува еден родител на дете до 10 години да биде ослободен од работа додека траат засилените мерки за корона вирусот.
 
Даниел Василев