Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
Мариус Борг Хојби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, е ослободен откако помина една недела во притвор под сомнение дека извршил сексуални престапи.
Полицијата утрово објави дека нема да бара дополнителен истражен притвор за најстариот син на престолонаследничката, принцезата Мете-Марит.
Во моментов веќе не постои препознатлива опасност доказите да бидат отстранети, велат тие. Тие најавија и дека истражуваат натамошен можен сексуален прекршок, без да дадат повеќе детали.
Адвокатот на Хојби, Ојвинд Братлиен, изјави дека неговиот клиент ќе биде ослободен во текот на денот и тврди дека било погрешно воопшто да се стави Хоиби во истражен притвор. На Хојби му беше одреден еднонеделен притвор во средата минатата недела.
Пред тоа, се појавија нови обвинувања против 27-годишникот во врска со два наводни сексуални престапи – тие се најсериозните обвинувања против него до сега и потенцијално може да резултираат со неколку години затвор.
Хојби ги отфрли овие наводи. Од летото до него беа упатени неколку обвиненија, меѓу кои и напад на поранешни партнери и нанесување имотна штета, од кои некои и тој ги призна.
Мариус Борг Хојби е најстариот син на Мете-Марит и посинок на престолонаследникот Хакон. Иако припаѓа на кралското семејство, тој не ја носи титулата принц и не е официјален член на норвешкото кралско семејство.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти