Loading Video...
Тенис
27. August 2020 - 10:10

Осака се изнамачи за полуфиналето од кое се повлече поради бојкот

Бојкотот на американските спортисти се пренесе и на тениските терени, но и интернационално.
 
Во Синсинати се одржува првиот пост-Ковид тениски турнир, кој стигна до полуфиналната фаза. 
 
Во неа нема да настапи Наоми Осака иако јапонската тенисерка го доби четвртфиналниот меч против Естонката, Контаивеит играќи три сета (4-6, 6-2 и 7-5). 
 
Имено, Осака инспирирана од одлуката на кошаркарите на Милвоки и Орландо реши да го бојкотира продолжението на турнирот во синсинати. 
 
- Пред да бидам спортист, јас сум црнќиња, а како таква, чувствувам дека има многу поважни работи на кои им треба да им се посвети внимание веднаш, наместо да ме гледаат како играм тенис. Како спорт, тенисот колективно зазема став против расната нееднаквост и социјалната неправда што уште еднаш се најде во првите редови во Соединетите Американски Држави“, напиша осака во пораката што ја објави на својот „твитер“ профил. 
 
Така без борба прва финалистка на турнирот во Синсинати е Елисе Мертенс од Белгија. 
 
Која ќе биде нејзина противничка во мечот за трофејот ќе се знае по полуфиналниот дуел меѓу Британката, Џоана Конта и Белорусинката, Арјна Сабаленка.