Свет
29. September 2022 - 9:02

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Претседателот на Нокарагва, Даниел Ортега ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциско рече дека „има дијалог“ со Манагва.    

– Кој ги избира свештениците? Кој ги избира кардиналите? Кој го избира папата? … тоа е совршена диктатура, совршена тиранија!, изјави Ортега во говорот по повод 43-годишнината од формирањето на полициската фондација во Никарагва. Папата Франциск на 15 септември истакна дека „дијалогот никогаш не смее да заврши“ со Никарагва, каде што растат тензиите меѓу државата и Католичката црква.

Постои дијалог. Разговаравме со Владата. Тоа не значи дека одобруваме сè што прави Владата. Или дека критикуваме сè, посочи папата Франциск. Никарагва во март го претера амбасадорот на Ватикан. Светата столица во март. Во август свештеникот Роландо Алварез, критичар на режимот, е уапсен и „ставен во домашен притвор“ поради „дестабилизација и провокација“.