Македонија
16. August 2022 - 16:33

Оризопроизводителите на протест за рекордно ниската цена

Оризопроизводителите од Кочанско со земјоделска механизација го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани во с. Облешево. Револтирани се што во пресрет на годинашната жетва оризот се откупува по екстремно ниска цена.

- Една празна пластична вреќа е 15 до 20 денари, а килограм арпа е 20 денари, тоа е срамота, изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од С. Облешево.

- Оризот треба да се движи од 40 до 45 денари за оризова арпа, а белиот ориз од 80 до 90 денари. Ние имаме производствена цена од 38 денари, а плус треба да ни истанат 30% за да мпожеме да направиме проста репродукција, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од С. Облешево.

Доведени се велат, на работ на егзистенција и не можат да ги покријат основните трошоци за живот.

- Немаме здравствено, немаме пензиско осигурување, а секој ден пропаѓаме во долгови и никој нема никаква одговорност, додаде Ташовски.

Бидејќи состојбата во аграрот е катастрофална во сите сектори, на оризарите им се приклучија и земјоделците од неколку региони во Македонија.

- Се се уништи, сончогледот, оризот, фактички сите култури, ама вака не се живее, изјави Дане Јошев, РЗ „Тиквешки лозар-овоштар“ - Кавадарци.

- Оставени сме на милоста и немилоста на трговците, кои дебело профитираат од маката на земјоделецот, а најлошо од се е тоа што ја уништуваат иднината на земјоделието во Македонија, изјави Ѓорѓи Каракашев, индивидуален земјоделец од Радовиш.

Протестот на земјоделците го подржа и најголемата опозициска партија.

- Ако имаше 100.000 евра да се потрошат, во оваа криза, за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни, веднаш да излезат и да реагораат со поддршка на земјоделците, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку не дојде до итна средба со ресорниот министер оризарите се заканијадека ќе продолжат со блокади на патиштата.