Фудбал
22. јуни 2021 - 11:51

Организиран пречек на македонските фудбалери на скопскиот аеродром

Македонската репрезентација денес се враќа од Амстердам по завршениот настап на Европско првенство.

По тој повод се организира достоинствен пречек со цел фановите да ги дочекаат како што доликува своите љубимци кои со игрите, и покрај трите порази, сепак не’ разочараа.

Организираниот автобуски превоз до скопскиот аеродром тргнува во 12:30 часот пред Агенцијата за млади и спорт.