Македонија
26. December 2016 - 11:38

Организиран дочек на Нова година во Неготино

Општина Неготино организира на градскиот плоштад дочек на новата 2017 година.

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, Советот на општината и локалната самоуправа ги покануваат сите граѓани од Неготино и соседните општини, в сабота на 31 декември да дојдат на градскиот плоштад во Неготино и со организирана забава заеднички да се испрати 2016 и да се дочека новата 2017 година,  соопштија од Службата за информирање.

За забавата и доброто расположение ќе се погрижат членовите на групата „Кристал“, а на полноќ ќе има и спектакуларен огномет.