-->
-->
Организирал игри на среќа преку негова веб страница, уапсен тетовец
-->
По преземени мерки и активности по претходно добиени оперативни сознанија, на 30.08.2024 во 23.00 во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(40) од с.Боговиње поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола на надлежен орган“ по член 156 од Законот за игри на среќа, соопшти МВР.
Како што информираат оттаму, при преглед во неговиот мобилен телефон била пронајдена веб страница за приредување игри на среќа, на која имало регистрирано повеќе корисници, а на која тој бил заведен како администратор.
Тој бил задржан во полициска станица и од него бил одземен телефонот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати