Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија протестот за завршен
Организаторите, по испорачаните барања, го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбија да се повлечат и фрлаа со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Полицијата се обидува да ги растури насилните групи.
Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаа на локацијата на Бит Пазар. Полицискиот кордон ги потисна демострантите кои предизвикуваа инциденти и во моментов ситуацијата е смирена. Според претходните најави, демонстрантите планираа да се движат од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде се очекуваа и изјави за медиумите.
– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.
Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи“. Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.
Учесниците во протестите бараа од полицајците да им го ослободат патот за да продолжат по претходно планираната маршрута.
Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација