Свет
2. July 2020 - 10:29

Орбан повторно контра ЕУ, од списокот „безбедни“ земји ја прифаќа само Србија

Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ.

Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ, рече Орбан во видео пораката на Фејсбук, пренесоа српските медиуми.

Европскиот совет претходно донесе одлука на спиското да стави 14 држави од кои може да се патува во ЕУ: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.