Орбан: Нема источни и западни вакцини, има само добри и лоши
Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека државите мора да набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количества, без разлика дали тие доаѓаат од истокот или од западот.
Во онлајн интервјуто за германскиот портал „Фокус“, а по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина „Спутник V“, Орбан кажа дека задача на политичарите во пандемијата е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните.
-Затоа што оние кои ќе купат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата, рече унгарскиот премиер.
Орбан истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши“, пренесе унгарската агенција МТИ.
Тој додаде дека набавката на вакцини и затегнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.
-Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини, рече Орбан.
Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, унгарскиот лидер кажа дека е јасно оти станува збор за погрешна одлука.
-САД, Велика Британија, Израел, па дури и Србија се далеку пред нас земјите-членки на ЕУ, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна да се смени тој курс
Ново на Сител
-
Маричиќ: Судските реформи се со најголем приоритет
-
Атанасов: Исплатени се над 512 милиони денари на 23 524 субјекти, грижата за земјоделците продолжува
-
Андоновска: Филипче доста со игранки за чекање на мали количини на вакцини, овозможете им на граѓаните основни крвни анализи преку ФЗОМ
-
Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога, запленети над половина тон во две полициски акции на југот
-
Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти
-
На Граничниот премин „Табановце“ бил приведен државјанин на Франција за непријавен престој во државата
-
Поставена заштитна ограда на детското игралиште во Усје
-
Во Бугарија пред изборите формиран меѓусекторски штаб за борба против купување на гласови