Општина Виница ќе инвестира 920 илјади денари во комунална инфраструктура
Општина Виница ја реализира Програмата за уредување на градежно земјиште и патишта за 2017 година во градот и во населените места. Според утврдената програма, градежни активности во сферата на инфраструктурата ќе се реализираат во сите осум населени места во општината.
Според годишната програма за изградба на улици се очекува да се изврши ископ, порамнување и набивање на земјен тампон со што овие улици се подготвуваат за асфалтирање. Вакви градежни активности ќе се реализираат во Јакимово, Лески, Црн Камен, Виничка Кршла.
Општина Виница информира дека деновиве заврши асфалтирањето на улици во селата Градец и Пеклани во должина од по 370 метри за што беа инвестирани 4 милиони денари. За улици во село Трстија и за улици во градот Виница се издвоени околу 10 милиони денари, средства од општинскиот буџет и од Агенцијата за државни патишта.
Овој и наредните два месеци ќе се уредува речното корито на Виничка река во должина од 420 метри, проект кој општината го доби преку Источниот плански регион. Вкупната вредност на овој проект изнесува 3.626.441 денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој, додека општината во овој проект учествува со сопствени средства од 1.011.544 денари. Изведувач на работите е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје, а регулацијата на Виничка река се очекува да заврши за три месеци.
Ново на Сител
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот