Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
Општина Велес и во 2025, трета година по ред продолжува со исплата на еднократна парична помош во износ од 3.000 денари за секое новороденче. Според критериумите, право на еднократна парична помош семејството остварува за секое новороденче, како и во случај на повеќе родени деца одеднаш близнаци, тројка или повеќе.
Услов е двајцата родители да се државјани на РСМакедонија и да се со постојана адреса на живеење или престојување на територијата на Општина Велес. Барањето се поднесува до архивата на Општина Велес, најдоцна до наполнети шест месеци на новороденчето.
Од Општина Велес за МИА информираат дека по овој основ во 2024 година од општинската каса биле исплатени вкупно 528 илјади денари или по 3000 денари на семејствата на 176 новороденчиња од Велес,од кои 96 машки и 80 женски новороденчиња.
Исплатата по овој основ за новороденче во Општина Велес започна на 1 јануари 2023 година.
Ново на Сител
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“