Македонија
3. December 2019 - 14:11

Општина Струмица ќе изработи локална стратегија за ХИВ

 

Општина Струмица ја организираше првата работилница за изработка на локална стратегија за ХИВ, која ќе важи за следните пет години и во нејзина изработка ќе учествуваат сите клучни институции и здруженија на граѓани од општината.

- Стратегијата ќе ги синтетизира сите активности на општинските институции и здруженија и ќе предвиди нови активности со кои Струмица ќе остане општина со многу ниска ХИВ преваленција и развиени квалитетни програми за превенција, третман и грижа на лицата кои живеат со ХИВ, информираат од Општината.

Следната средба на работната група треба да се одржи на 19 декември.