Македонија
2. July 2019 - 22:21

Општина Струмица ги предупреди угостителите што узурпираат јавни површини без одобрение

Прво опомена, а пота санкции. Општина Струмица ги предупреди сите правни субјекти кои користат јавни површини за нивната дејност дека мора да поседуваат соодвени одобренија. Доколку не ги обезбедат ќе бидат санкционирани. 

За таа цел биле направен и превентивни инспекциски надзори при што на сите правни и физички лица им било укажано дека без потребното одобрение и непочитување на параметрите во истото нема да може да ги користат јавни површини за вршење на нивната дејност. Вакви усни опомени добиле над 100 тина субјекти.

Поголемиот дел од нив се угостителски објекти кои дел од јавната површина ја користат за поставување на урбана опрема, односно маси,столови и настрешници од отворен тип.

,,За оние кои во наредниот период ќе биде констатирано дека не ги почитуваат законските обврски че следуваат прекршочни мерки согласно законот за јавна чистота. До моментов сите угостителски објекти кои гравитираат кон централното градско подрачје се опоменати, дадени им се усни укажувања, сите физички и правни лица кои гравитираат во поширокиот реон на град Струмица кои користат јавна површина за изложување на својот асортиман за продажба исто така се опоменати. Вкупната бројка е некаде над 100 и неколку субјекти, значи им е дадено усно укажување. Поголемиот дел од нив веќе имаат поднесено барање за регулирање на статусот на јавната површина“, вели Љупчо Ташевски, овластен комунален инспектор.

Од комуналната инспекција во општина Струмица информираа дека сите оние објекти кои се од затворен тип се водат во делот на градба и за нив е надлежна градежната инспекција.

Колкав е бројот на таквите објекти кои се поставени на јавни површини не соопштија, но потврдуваат дека градежната инспекција веќе има започнато постапки и постапува согласно законот за градење.