Општина Штип до петок ќе работи со скратено работно време
Согласно укажувањата од државните органи поради ниските температури и снегот, општина Штип оваа недела ќе работи до 13 на место до 15 часот.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов информира дека градоначалникот согласно законските овластувања донел одлука администрацијата до петок да работи со скратено работно време, до 13 часот, без користење на паузата за оброк.
- Намалена е и фреквенцијата на граѓани кои имаат потреба од сервисите и услугите на локалната самоуправа поради снегот и времето, па затоа е донесена ваква одлука. Доколку и идната недела имаме слично време, ќе продолжиме со скратеното работно време. Доколку има подобрување, ќе се вратиме на редовното работно време до 15 часот, рече Ристов.
Тој додаде дека со скратеното работно време се намалуваат и трошоците за загревање на зградата на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците