-->
-->
Општина Охрид го најави традиционалниот пливачки маратон
-->

Иако постоеше неизвесност за неговото одржување, но Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт со здружени сили ги поставија контурите на 35. издание на Охридскиот маратон, а откако пристигнаа и учесниците, се е подготвено за старт на оваа традиционална манифестација.
„Од името на градот Охрид и организацијата ви посакувам убав престој во Охрид и добра трка, па нека победи најдобриот“, „Охридњуз“ ја пренесе изјавата на Ристе Јанкоски, претседател на организацискиот одбор, на денешната прес-конференција.
Трката ќе почне од Свети Наум, во 10 часот и преку 25 километри ќе се плива до пристаништето во Охрид. Попатно ќе има четири мерни точки, за прецизно мерењо на времето на секој од учесниците. Општина Охрид, заедно со локални фирми и угостители се погрижила за сместувањето на сите учесници и официјални лица, а АМС го обезбедил анаградниот фонд од 10.000 долари.
.Покрај македонските пливачи, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, ќе пливаат уште Франческо Гетини од Италија, за кого ова е ќетврто учество во Охрид, Аргентинците Матијас Диаз Хернандез и Рита Ванеса Гарсија која е единствен женски натпреварувач, Арне Фурлан Шутлар од Словенија, Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Сите пливачи ќе бидат претставени свечено вечерва, кај Долна порта, во Охрид.
ОХРИДЊУЗ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори